6 Секако дека таквиот одговор не е без стапица, бидејќи сведочи за тоа дека дури и поборниците и поборничките на популарната култура не веруваат дека си имаат работа со култура и општествена сила што е вредна да се земе предвид, и што е навистина способна пресудно да влијае на вистинското потврдување и зацврстување на толку опеаните идеали на расна, полова и културна трпеливост.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Публиката преку вестите континуирано се запознава со секакви важни социјални и политички прашања (и за војната во Босна, што MTV ја „покрива“ подобро и посоодветно од секоја „сериозна“ телевизиска станица; на европската младина ѝ е овозможена поголема идентификација со тоа што јасно ѝ се дава на знаење дека во Босна умираат нејзини врсници, што ѝ се слични барем по тоа што до неодамна со подеднакво познавање и занес уживале во истите радости на популарната култура!), а преку кратките, занаетски и идејно перфектно изработени филмови цело време тече агитација за идеалите на расната, половата и културната трпеливост. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 111
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
7 Значи, прашање е што е подобро: американскиот MTV, што во почетната фаза воопшто не ја криеше својата расистичка и сексистичка насоченост, или сегашниот MTV Europe, за којшто е карактеристичен доста повисок степен на општествена свест.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)