надвор (прил.) - или (сврз.)

Чадот се враќаше во колибата, ги штипеше за очите, но сето тоа беше далеку, далеку поубаво одошто да си надвор или под танката заштита на шаторските платна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Инаку: сивило дење, да не знаеш дали е сонце надвор или е стуштено од облаци пред дожд: а ноќе, мрак да не можеш да си ги погодиш гурелките во окото додека си наумил да ги исчепкаш мрсулите во носот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сенека, еден од омилените писатели на меродавните европски маниристи, таа реченица ја собира вака: "Сосема е неважно дали моделот кон кој уметникот го насочува погледот е надвор или внатре...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Чана, зафаќајќи се со петелот, со очите шараше по луѓето потсетувајќи се кои се тука, а кои, можеби надвор или во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
По цела ноќ гори кандила во нивното заградено, наутро заминува со оние што одат по работа на индустрискиот колосек со стиснати книги во премрзнатите раце, а на пладне, враќајќи се од часови, останува на индустрискиот колосек или да фрла јаглен со лопатата од вагонот надвор или да реди дрва за огрев што вагоните ќе ги изблуат без никаков ред.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)