А кога влегов во собата наеднаш открив дека до овој момент не го бев забележал најголемиот недостаток што си го бевме дозволиле: покрај главата и големиот сон на упокоената отсуствувале цвеќиња.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сега кога веќе беа положени околу челото и лицето на Таша многу нешта се чинеа поинакви.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И најсериозно се прашував: како може да се случи да сум овде, кај Зрновски, кога знам дека седам во аголот на нашата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Молчев. Поточно бев изненаден, но не од прашањето на Зрновски, туку од чудната ситуација во која се наоѓав: наеднаш открив дека сум седнат на еден од столовите во приемната на Стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)