Една вечер во хатичката многу им зажуборија соништата - тогаш како да чуја како звуците на роговите повикуваат на нов лов и тогаш како да го видоа Пушкин како задишано го бара Салиери на Венецијанскиот панаѓур да му плесне една наопаку пред да истрча на оној банален двобој со Дантес мислејќи наивно дека со една наопаку се казнува отровната љубомора а со димот од барутот љубомората се претвора во трескавична кашлица којашто запира два метри подземи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)