По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но кучињата беа претпазливи. Само лаеја, се втурнаа напред кон невидливиот непријател, и пак се враќаа назад, во кругот на светлината од борината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Брзо!“ Тие ги подгонија коњите напред кон малата дупка.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тој се тргна и така, како што седеше, се подаде малку напред кон војводите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Србин се исправи и тргна напред кон селото велејќи: - Ако не мораш, не го ставај веднаш во кутивчето. - Добро, - рече Србин.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Ајде чедо со мене... - ѝ рече отец Иларион, и тргна напред кон келиите.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)