Која од нив им го покажува времето и оди напред пред сонцето? Ни една.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Поминаа низ Бавчанџиско Сокаче, од под Саат, низ Казанџиско Сокаче, покрај Шарена чешма и низ Вишне Маало излегоа на Али Чешма, а таму ги дочека мноштво народ и сите прилепски првенци, Турци и христијани, веќе поседнати во полукруг на тревата на веленица што си ги донесле од дома.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Напред пред борачите одеа тројца зурлаџии и еден тапанџија, (свиреа, корнеа зурлите, бувташе, уриваше тапанот) а по нив сета прилепска чаршија, сите пазарџии, меѓу кои и главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А тогаш, кога ја качиле бомбата на кола, Трајана ги набркала сите седуммина мажи, сина си Ѓорета намерно го испратила да оди двесте-триста чекори напред пред колата, божем за ако има камења да ги отстракнува и да ѝ кажува која има дупки, а сама, откако се прекрстила, ги повела воловите, и - нога за нога право прудолу.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Војводите одат напред пред четниците, како забитите пред војската, а не како козарот по кози, како шо направиа нашите војводи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе и вида сега во кое дупче ќе се пикнат кога ќе и поткачи Сефедин со аскерот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Куле го зеде Димета со себе, Андон детето, а Мирче и Толе тргнаа напред пред булукот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некој наддаде глас Бај Коста, каде вака рано? само овој што беше неречен Коста не одговори ништо и одеше напред пред групата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)