Идниот ден отидов кај Зигмунд и го замолив да настојува доктор Гете да ја врати Клара во нејзината соба, и наскоро брат ми ми кажа дека неговиот колега ја прифатил молбата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)