натаму (прил.) - ги (зам.)

Сега главен град на нова Турција стана Анкара, додека Цариград и натаму ги задржуваше атрибутите на престолнина на светот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неодминливиот А.А. и натаму ги ловеше нашите реакции, моите посебно, макар што сите ние продолживме да молчиме, но без да го криеме променетото расположение.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите денови оттогаш па натаму ги броев и ги пресметував, постојано чекајќи тој да се врати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
НА ГОСТИ ВО ВЛАЕ
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во најмала рака, не се срами од геј-срамот – а затоа е и готова да се подзадржи на некои обележја на геј-културата што денес и натаму ги тераат геј-мажите да се срамат и од геј-културата и од себеси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-идентитетот е само „еден вид талог што самиот по себе не може да укаже колку разновидно таквата желба и натаму ги одредува густината, бојата и вкусот на целиот богато измешан раствор од кој, во таква сталожена состојба, спаднало само мало количество“. (132) Геј-идентитетот, затоа, е недораснат на задачата да ја долови и да ја изрази геј-желбата, која во своите преобразувачки стремежи за менување на светот и во своите задоволства што не може да се категоризираат ги надминува релативно едноличните лица и теми што поимот „геј“ само ги именува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одлизгувањето наваму – натаму ги растури благите пламења на срцето.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Според првото дополнување, правните лица за кои се применуваат одредбите на овој закон, а вршат дејност распоредена во областа од 01 до 11, како и правните лица што вршат дејност во областа од 12 до 14 кои се регистрирани како претпријатија (и во двата случаи согласно тогашната националната класификација на дејностите), платите за јули 1992 година и натаму ги исплатуваат најмногу во висина на просечната нето плата утврдена согласно со овој закон и зголемена за 50% (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, нето платите за месец јули 2001 година работодавецот и натаму ги исплатува до висината на правото што го утврдил за последниот месец за кој извршил исплата согласно со овој закон во рамките на обезбедените средства и зголемено најмногу до 50% од остварената стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец, со определени исклучоци предвидени во законот (чл. 2-4, ЗИДЗИПРМ/01).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште не се беше смрачило кога се уморив, и престанав да чекорам по станот, а моите сестри и натаму ги разгледуваа албумите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара раскажуваше за синовите на својот брат, кажуваше како малите Густави, кои и натаму ги викаше „мали“ иако веќе беа возрасни мажи, ја посетувале во Гнездо, раскажуваше за нивните сопруги и деца: „Кога доаѓаат со своите деца, ми се чини дека цел свет доаѓа таму – некое тукушто прозборело, на некое му никнал заб, трето паднало и си го раскрварило коленото, четврто научило да лета змејови, па седиме цело попладне во паркот и гледаме кон небото,“ рече, и погледна низ прозорецот кон небото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Марие и Роза ѝ раскажуваа на Паулина што гледаат на фотографиите, а Паулина потпрашуваше, минуваше со прстите по мазната црно-бела површина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)