Во тој случај, за гласник на разумот ќе се разгласиме најверојатно себе си.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Отворената, повеќекултурна општествена средина, во којашто под паролата на „слободниот проток на луѓе, стока и услуги“ побргу или побавно се преобразуваат сите села на овој свет, детериторијализирано мешање на традиции, коишто е тешко да се стиснат на едната или другата страна на границата меѓу јавното и приватното, само до пароксизам ги степенува тешкотиите со идентитетот, разбран како во себе стуткана самобитност, на која што не ѝ е потребен друг за да постои и самата себе добро да се разбере.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Или дијалогот ќе го поставиме врз претпоставката на културната релативност на разбирањето на доброто и за цел ќе си го поставиме или запознавањето на причините на другиот или прагматичниот договор за заедничко делување, што ја негира секоја априорна предност на едната (читај “нашата”) страна?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)