Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зар не знаев дека седи на такво место од кое може за луѓето многу да се узнае и од каде работите најлесно можат да се насетат па дури и лично да се видат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таа се подскриваше под превезот на шегата, зашто тоа никому не носеше зло, никому не му наштетуваше, а така најлесно може да опстане, во услови во кои болката вирееше до суровост, до границите на свирепоста на и потаму од тоа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Бидејќи најлесно можело да се оправдаат средствата ако се каже деке биле дадени како помош на револуционерното движење во Македонија Делчев изјавил: “За потрошени средства за потребите на МРО треба да се сметаат само тие што биле потврдени со печатот на Централниот комитет.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Германците со помали окупациони сили ги држеле стратегиски најзначајните региони со кој најдобро можеле да ги штитат освоените позиции на Балканот и во случај на Британците и колебливото движење на Италијанците да ги заштитат најважните подрачја во Грција: дел од островот Крит, неколку истурени острови спрема исток, меѓу кои: Милос, Скирос, Лезбос и Лемнос, потоа краткиот појас во Тракија спрема турската граница кој служел како тампон зона меѓу делот на западна Тракија под бугарска окупација и Турција, Солун со Егејското Море од каде најлесно можела да се чува важната стратегиска железничка пруга по долините на реките Морава и Вардар како и некои бази на Атика и Средоземното Море.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)