Како травл, мрежата за ловење риби, ама оние риби во длабоките морски води, ги ловеше опасностите, како травл- бродот за ловење и уништување на морски мини, ама оние опасни животни мини кои ако навреме човекот не ги отстрани можат да се активираат, кога најмалку ги очекува.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Нив , најмалку ги погодуваа шлаканиците зададени од економското невреме, ( согласно старата поговорка : ситиот не верува на гладниот ) па така си кротеа пострана, уживајќи ги себично благодетите од системот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во мојот живот, речиси секогаш, некое делче од вистината, што најмногу сум ја посакувала, останувала скриена. Ме изморија таквите игри!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Грдан ја одложи чашката и се подмести за изненадување, иако изненадувањата на Грозда секогаш доаѓаа од онаа страна од која најмалку ги очекуваш.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Успеа во свеста да ги осветли моментите од „италијанската врска”, за коишто претпоставуваше дека Татко најмалку ги знае, уште од најраното детство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Животот за мене одамна престана да биде игра, и притоа најмалку ги сакам криенките - му реков. -Зар грешам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не, не ти се лутам тебе туку на судбината која секогаш наоѓа начин да ја спростре сенката на неизвесноста над она што ќе посакам да го допрам за да проверам колку е мое!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)