На овие пазари најмногу имаше овошје, а се продаваа и јагоди, па дури и малини, одгледувани под стакларници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Мириса на месо, а во вечерните часови, кога и јас бев овде, најмногу имаше клошари, кои во торбите ги собираа отпадоците фрлени од тезгите или во изметиштата кои ги имаше на сите страни.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Лајпциг примаше гости од цел свет, но најмногу имаше Бугари, Унгарци, Полјаци, помалку Чехословаци и Романци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Најмногу има арапски зборови кои означуваат разни звања, професии и титули, како на пример: валија, везир, кадија, кајмакам, калфа, муфтиш, султан и други, или термини во врска со војската и воената опрема како: анџар, арач, аскер, забит, низам, талим или пак во врска со исламот: алах, аџија, вакаф, ездан, еџел, имам, еџел, ислам, куран, курбан, минаре, муфтија, муезин, оџа, рамазан, теќе, тулбе, џамија, џемаат шеријат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Најмногу имаше пријатели со кои Татко се сврза преку книгите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ја играме дома во политиката: Партиите се бркаат една со друга, најнесреќната, покажаната со прст, таа најмногу трча, најмногу има потреба да ја рашири болеста што ја разорува, што треба да ја погуби за да потоа ужива во разорувањето, во смртта на другите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Онаа што го мамеше најмногу имаше лице недосегливо како источначка мисла.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во нивните очи најмногу има страв, малку се движат, не се оддалечуваат од бараката, повеќе си лежат на сламениците и „болката“ ги фаќа најчесто кога доаѓа некој од „началството“ како што ги викаат неколкуте чисто униформирани мажи кои постојано се возат со еден дотраен џип од болница до болница, од логор до логор, каде што се собрани бегалците, од град до град, каде што се сместени децата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Најмногу има полицајци, владици и попови и по некој братучет на Коте од Руља.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)