По таа вест што ја донеле изѕемнати дрвари со големи шубари и со трпки под кожата, селаните попусто поставале заседи и острозаби стапици, најмногу по врвиците што се спровирале низ северната црногорица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога чичко Тони немаше да успее да ја удри по лице, ја удираше најмногу по нозете.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Секако дека љубовта на мечката била поголема од неговото искушение; ѕверката не се бранела и не оставила на неговата става ни најмала гребаница.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)