Знаејќи дека, сепак, Татковиот случај за одликување е мошне деликатен, најмногу зашто се работеше за непартиец и, згора на с, за човек со неодамнешно емигрантско минато, пишувањето на предлогот за одликување му го беше препуштил на историчарот-ориенталист Сокол Мечевски кој беше најповикан да ги процени вредноста на сиџилите и Татковиот удел во нивното откривање, односно пренесување, како што прецизираше Мирон Донски.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)