Би можеле да наброиме уште примери за овој апетит на светот на современата уметност кон глупавоста (Pierre La Police), но најпрво треба да го дефинираме она што тука нè интересира.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Најпрвин треба да прашам дали ќе ме примат во автобус. Сега сè се млади шоферчиња, ама ќе најдам син од некој мој другар.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Најпрвин треба да се каже оти по македонското прашање нема никаква разлика помеѓу погледите на руското општество и народот, од една страна, и владата, од друга, а има само разлика во степенот на интересот за него: општеството и народот многу помалку се интересираат од владата што се гледа од помоштите за Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со оглед на сегашнава положба на почвата, најпрвин треба да ја доведеме до степен на минимални можности за да вирее растителниот свет.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Сега требаше одново да го земам лостот и да се обидам да ја поткренам земјата но, вртејќи се кружно во собата, сфатив дека најпрвин треба да го поткренам својот дух.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)