Често гласно ги коментираше значајните вести, небаре влегуваше во разговор со отсутните говорници.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сите станаа и екна весел поздрав - небаре влегува сакан другар.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Пеколот секој сам
си го бира !
Ја обзема чувство на изнуденост:
софистицирана уцена
маскирани киднапери
препознатлив
глас.
Депресија: доцна попладне
Наместо топла попладневна
дремка
во неа
без остаток
се влива
тегоба со нагон на повраќање
небаре влегува низ подотворени порти
- дома, а дома
цибрина
треска
изѕемнина.
Има хронична несоница.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)