Можеби дури и не знаеше дека може да се живее поинаку или дека, ако се живее поинаку, помалку би се чувствувала тежината на чемреењето и тагата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Никогаш не застануваше, ниту се обѕрнуваше за да види што се случило на улицата, без оглед колку многу тоа го привлекуваше вниманието на другите луѓе, а ако понекогаш одненадеж го фатеше пороен дожд, си го продолжуваше патот со рамномерен чекор небаре грее сонце.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)