Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
И тргнувајќи пред Максима и пред Васила легнатите овци ги пречекорува, а тие кои стојат туркајќи ги со колената ги растерува, (нивните чакарки, кога се преместуваат од едно на друго место, кусо и отсечно ѕвонат), а кога излегуваат надвор пред вратата на трлото, гледајќи во небото, вели: Небаре е дење. И зазорено е.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Неизбричен, начичкан со сиви, остри игли, тој гледа само со белките на очите во моите боси нозе и безгласно ја отвора големата уста. Небаре е нем.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Настапија компликации, неминовни во периодот на транзиција - транзиција... трансформација... дестабилизација... приватизација... изговара Влатко со забавено пулсирање... мислата се кине, концентрацијата попушта, се завиткува во некаков бел превез, нема сила да му се спротистави на сонот, му се предава без отпор - сонот е смирувачки, благотворен, мирислив, мек - небаре е скутот на баба Мирјана...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Сега имаш доволно докази
за живот
- спомени
кои ја потхрануваат
имагинацијата
небаре е
суета - долго ликување
на заборавот, невидима јама.
И, се разбира, парадокс:
ќе биде она што најмалку си го посакувала
во склад со законот
на убедлива
веројатност.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од тука окото се полни со прекрасната панорама на Лерин и леринското поле и далеку, небаре е крај на светот – Кајмакчалан, чиј врв е покриен со снег.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ми стана јасно дека тој немал сила да ми каже дека ја сонува Луција на ист начин како и јас, дека копнеел по нека, дека онојпат, на разбојот, ми го препуштил првенството, небаре е христијански духовник.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Е, море, никаквец - му префрлува Јани - барем би можел да фрлиш некое зрно повеќе... мешаш и сал мешаш небаре е најубавото јадење... - Па е - вели готвачот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)