Гледаше час лево час десно, небаре го демне, од некаде, вечно присутниот Мирон Донски.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Од образите лепеше проѕирни цветови на ѕидовите од заборавената книжара и со јазикот на најѕвонлив толчник небаре го венеше стаклото и ја изѕемнуваше целата темнина. .
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Поднамести шмајзер, со левата рака измазни небричено лице, со насолзени очи погледна на сонцето и рече: - Само кураж... само кураж... - тој откинато го влече секој збор, небаре го џвака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Бранот плиска и небаре го гали мртвото тело, удира полека, се враќа и одново ја заплискува неа, непознатата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко му на Петре, Благоја, Бајко, Блаже, благ како пипер, беше ковач: дојден во манастирот од струмичката нахија, село Градец, небаре го извади Петрета како копија од себе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Данте...“ потскокна Ибн Тајко, небаре го најде својот брат близнак.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
3. Марин, небаре го прочита, му рече:
„Сега мислиш дека си рамен со бегот?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ѕверушинките небаре го почитувале она што било на некој друг.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кроце, кроце - задумани, да не би да згрешат... небаре го сонуваат сонот за првото велигденско оро моминско среде селото.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Како да се обидував да ги ставам на еден вид проверка натамошните планови за мојата сага, небаре го барам нејзиниот благослов во пишувањето како некогаш татковиот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
V Едно утро татко ми излезе од дома необично рано, небаре го беше завела некоја од проблеснатите мисли на границата меѓу ноќта и денот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тишината те плашела единствено
кога си била во друштво
со други.
В зори ќе се зари, озарено
лицето на светлината
а ти меланхолично ќе се обидеш
да ги отстраниш флеките на Луната
да се исправиш на нозе
небаре го држиш цврсто во свои раце
универзалното клатно на
рамнотежата
небаре си нашла решение
како да излезеш на крај со
депримираноста
божем ја игнорираш и
ѝ вртиш грб
ама и грбот има
очи !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И кутрото девојче ги подава обете раце, небаре го моли овој ветар уште еднаш да ѝ ги донесе тие зборови...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа извикува, целото лице ѝ се смешка и ги подава рацете во пресрет на ветрот, радосна, среќна, толку убава... А јас одам да се спакувам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)