Девојчето како да разбра што стана со него, го прегрна Трајка со малите рачички и почна да се гушка во него; небарем му велеше на татка си и мајка си оти од денеска си има нов родител, кој ќе ја штити и храни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откај левата - женска страна - го сеќава погледот на Ѕвезда, домаќинката негова, небаре му ги слуша тежините неизречени, длабоко во гради скриени.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Нема промена до нова наредба. На извршување! Воздивна, небаре му олесна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Писменцето што го држи во пазуварката како да го гори, небаре му се прилепило како лишај на карпа и не знае како да го скрие од погледите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Неколку војници ги откопнуваа крстовите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Знаев дека во одредот е и ќерка ми, та затоа се занишав, зачекорив и ми се стемни.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Војникот му се доближи на офицерот и зборуваа нешто.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)