Воспитувајќи ве имено според таквиот модел, вашите родители вам ви го пренесоа најсуштественото: дека единствениот приоритет во секој еден живот не се ниту материјалните вредности (колку и да се тие важни), ниту формалните успеси и таканаречената слава (колку и да е таа заводлива), дури ниту култот на здравјето на кој толку често се повикуваме...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се осмелувам да кажам дека е во прашање исконски, небаре библиски модел на среќно семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ако нивниот свет треба да го вреднуваме како патријархален (во овие модерни времиња поимот патријархално станал нешто како синоним за старомодно!), тогаш нели ќе ни биде многу подобро доколку некако успееме да ги реституираме барем некои од есенцијалните вредности (и предности!) на тој старовремски, демодиран и тивок патријархат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)