Сумите што ги бараше се движеа од една до педесет марки.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Знаеше како се чуваат доенчиња, иако самиот никогаш немал деца, се впушташе во неверојатно интересни разговори околу исхраната за определена болест, ги предлагаше тие и тие видови пудра, на ливчиња испишуваше рецепти за приготвување лековити масти, ги регулираше квантитетот и квалитетот на напивките за бебиња, дури знаеше и како да ги држи: расплаканото дете веднаш се смируваше кога ќе го кренеше в раце.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Строгиот центар на Букурешт, на плоштадот „Георги Георгиу - Деж“, не ќе се претера ако се рече дека е најубав најатрактивен , најдостоинствен дел на градот, каде што новото и старото се измешало, но, меѓу другото, и така се вклопило што претставува една неверојатно интересна и убава глетка, нешто што воодушевува, што збунува.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)