Извршител на мобинг може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување – без оглед на нивното својство [на пример, тоа може да биде работодавачот како физичко лице, одговорното лице т.е. претпоставениот шеф, раководител или директор или, пак, друг работник т.е „колега“ на вработениот] (в. чл. 9-а, ст.3-4 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во смисла на овој закон под психичко вознемирување на работното место се подразбира секое негативно однесување од поединец или група кое се повторува, континуирано и систематски, претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде повреда на физичкото и 75 Закон за заштита од вознемирување на работното место, Сл.весник на РМ, 79/13.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
10. Со третото дополнување на ЗРО (2005), она од септември 2009, се воведе и институтот психичко вознемирување на работно место [„мобинг“], кое се дефинира како: негативно однесување од поединец или група кое често се повторува – најмалку во период од шест месеци – а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тоа е дефинирано како „негативно однесување од поединец или група кое често се повторува, најмалку во период од шест месеци, а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување – чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)