Додека господарот зборува, другите тројца лошотии молчат и недоверливо гледаат во подготвениот материјал на Сенка: некакви слајдови, скици, мапи, големи плакати на кои се нацртани нивните непријатели, книгата „Анатомија на Мозокот”...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Господинот Сенка со зашилено стапче ја покажува не многу прецизната, но затоа огромна фотографија на Призрак, веројатно настаната по мистериозен пат, бидејќи, тоа сите го знаат, Призрак е отпорен на фотографирање.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Неколку минути не изусти ниту збор, не се ни помрдна, недоверливо гледајќи во мојот пријател со подзината уста и со ококорени очи; потоа, доаѓајќи си малку на себе, зеде едно перо, и по неколку прекини и џарења во празно, најпосле пополни и потпиша чек на педесет илјади франци и преку масата му го подаде на Дипен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)