независно (прил.) - од (предл.)

Тоа е сѐ што останало од некогаш големото царство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но каде да го лоцираме овој концепт? Не, според Сосир, во пишаното.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа што кога еден збор или подолг лингвистички низ (string) - што можеме да го наречеме текст - е напишан, тој продолжува да постои независно од неговото изрекување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На 24.11.1903 год., додека Мисирков сѐ уште беше во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Независно од тоа како и на ова мое писмо ќе погледнете, должен сум да ги изнесам моите грижи по повод брзото ширење на македонското национално движење, кое не само што ја зафати Македонија, туку наоѓа одзив и овде меѓу македонската емиграција, а најмногу кај интелигенцијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Програмата на органската сексуалност може да се оствари и независно од психичката програма.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Анализирајќи ја музичката структура на поезијата, Соломон Маркус во неговата „Математичка поетика“ коментира две во основа противставени теоретски стојалишта: едното е дека звучната убавина на стихот не може да делува независно од смислата која ја имаат зборовите во песната и дека звучната релевантност вон лексичките и граматичките морфеми всушност и не постои.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во еден бесплатен културен водич, проследувачот на кино програмата за филмот „Серафим Фолс“ на режисерот Дејвид Фон Анкен, запишал: „Независно од тоа што сите стрелаат на месо, во класичните вестерн филмови ликовите постојано се делат на добри и лоши.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
До вечерта, во куќата владееше ведро расположение.  Независно од нашите желби, работите се заоструваа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оној кој е подбркан од судбината, независно од тоа кој пат ќе го искористи за да исчезне, не може да се ослободи од прогонувачот, постојано ќе го чувствува неговиот здив на вратот, дури и тогаш кога тој прогон ќе го прогласи и за проклетство што којзнае како му се присламчило па во чекор го следи, барем така го чувствува лично тој иако знае дека помеѓу него и прогонувачот се протега добар дел од пуста и неосветлена улица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)