Можеби дипломатските години ќе завршат во роман, како дел од мојата семејна потрага, во која ќе се вмешаат и главните ликови, владетелите кои трагаат по својата татковина, ја откриваат, ја присвојуваат, на крајот ја изневеруваат, сакајќи да служат отаде реалните можности, да се извишат над кулминативната точка на кривата, по што неизбежно следи падот, како и при возвишувањето на империите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Му раскажував за годините минати крај Арафат во Картагина, за мојата дипломатска мисија, за мојата желба да пишувам за тие времиња, за дипломатските години, можеби во книжевниот жанр на романот кој сметав дека може најблиску да претстави еден можен тоталитет на еден историски процес-роман во рамките на една долга романескна балканска сага, на моето албанско и балканско семејство...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)