Како ветер сновеше до пладне и не само што направи душеме од штици, призакрпи и врати со тесла од Дине и крфии најдени по темните ќошиња, туку од некаде донесе старо ламаринено ќумбе, рѓосани кумци кои во втората половина на денот почнаа да исфрлат бели кадели кадиш.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Потоа немаше масло за готвење, па почнаа повеќе да јадат варено, па мајката на снаата од некаде донесе неколку кила шеќер, оти се слушаше дека следната недела ќе го нема и него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)