Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Никогаш не ја носеше, па си мислеше дека некаде ја заборавила, ја оставила.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не можеш да се помириш со идејата
дека треба да се разубави
она кое без престан ги поместува стандардите
на убавото:
таму некаде ја бараш смислата на
уметноста.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)