Кон крајот на романот, ќе биде регистриран еден детаљ, којшто можеби немал такви претензии, но ќе ги надвјаса највисоките човекови доблести и тоа во едни времиња и простори преполни со црнила: „Шишман, седнат над еден камен покрај својот братучед Србо, а некаде меѓу езерото и Пелистер, ја извади матарката од појасот и со ножот почнува да гребе по задлабената страна.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Инаку, нејзиниот расказ совршено се вклопува баш во оваа Маргина, токму тука некаде меѓу лудилото на Волчар&Коала и лирската рафинираност на В. Урошевиќ.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Си мислам ми се крие некаде меѓу луѓето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ЛУКА, Слушај ти, добро што твоите браќа и сестри ме удавија со здодевност, но сега кога те дочекав со толку желба да излеземе на прошетка, доаѓаш накисната до кожа НЕГОВИТЕ и со лице некаде меѓу боја на олово и форма на превртен чадор, кое така добро го познавам. Па не можеме така да се разјасниме, гледаш ли.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)