некаде (прил.) - настрана (прил.)

По улицата натаму наидуваа на групи наседнати војници и по некој пристар селанец седнат или меѓу војниците или некаде настрана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го оставаше јадењето или кришум јадеше некаде настрана во дворот или градината.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа потврди со главата, сè уште загледана во неговиот профил, додека тој се вртеше некаде настрана, обидувајќи се да го најде изворот на музиката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Децата беа некаде настрана, со други деца, на друга трпеза.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ми се успале и сѐ некаде настрана ме носат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа пристигнуваа нови луѓе, по навика одеа да застанат некаде настрана, но не можејќи да го издржат притисокот на погледите на оние првите што човекот во сина облека толку многу ги дисциплинира, конечно застануваа во редот, и така се направи еден долт ред.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И не изгледа како Белка да се оддалечува, туку како Севда да е запливана некаде настрана.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јас да те чуев, веднаш ќе станев од местото и ќе се тргнев некаде настрана, ќе одев онака кон говедата, да се затскријам некако да не сум овде на отворено кога ќе ме најдеш.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ѝ недостасуваа зборови, мавташе со рацете и гледаше напред, како некоја риба, велејќи "мммм".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Учениците не ја слушаа задачата туку чекаа Ѓорѓија да си ја затвори устата и со јазикот да си го исчисти забот, додека погледот го вртеше некаде настрана.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неговата болка беше безимена: иако беше постојано присутна и постојано со него, тој ја беше заборавил, и неговиот поглед кој луташе некаде настрана од луѓето кои стоеја покрај него, некаде во празното, како да ја бараше таа болка, таа болка која ја бараа и неговите родители, со помош на докторите, надевајќи се дека ќе го излечат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме деца и бевме во времето на првата болка; нашите болки се сретнаа, и можеби затоа си станавме толку блиски, блиски како раната и мелемот, поблиски отколку што би биле две весели деца, затоа што болката најсилно врзува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе се насмееш, а смеењето ти стои некаде настрана од устата, од лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)