Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но Трајана, итра жена, од страв од нив, да не ѝ направат некоја пакост по патот, и за да ги избегне провирањата под мостовите на железничката линија и песочиштата во реките, на Алилово, до таму ги испраќаа жителите на Потковицата, ја сврти колата низ веселечките ливади. и прекутрупа, и сè така, Ѓоре двесте, триста, чекори напред пред колата, таа водејќи ги полека воловите, излегле на Битолско Џаде, кај Алинци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)