некогаш (прил.) - сум (гл.)

Јас не се сеќавам дали воопшто некогаш сум и кажала дека ја сакам!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Облаци надвиснаа врз неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, Анита стигна со вонбрачниот љубовник и детето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сигурен сум дека овој трик не сум го користел ниту прв ниту последен пат, повеќето случки се сѐ уште успешно потиснати, па не можам да се сетам дека некогаш сум ги заборавил.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во овој филм го направив и најопасниот експеримент што некогаш сум го направил и кој никогаш повеќе нема да го повторам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јас не ја знам, ниту некогаш сум ја знаел“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Прашаа дали некогаш сум држел пристапница од Партијата в рака, и дали сум ја исмејувал пристапницата, со тоа што секаде каде пишувало „народен дух“ сум напишал „Луција“. Реков дека е така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја кажа во тој миг најчудната ука што некогаш сум ја слушнал од уста човечка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Добро, лага е она што се тврди дека некогаш сум изјавил оти кревам рака штом ќе видам јаболко на гранката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност бев рекол: „Кревам рака само по јаболко што и без тоа тргнало да паѓа“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се чини оттогаш не можам да си ги приберам деловите од она што некогаш сум бил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа, во својата ни најмалку декларативна поетика, авторот е толку самосвесен за творештвото како свест за оние предели за кои веруваме дека се вечни: „Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сѐ уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам“ (Писание за ѕвероглавите и мојата смрт).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сè уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Останува писанието да биде единствениот сведок дека некогаш сум бил. Ако сум бил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Знам само дека сум со нив на оваа маса, во оваа просторија во која не се сеќавам дали некогаш сум бил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
САВЕТКА: Зашто, мор’, прашаш, јас не оти некогаш сум ти забранувала да ги викнеш. Викни ги уште сега ако сакаш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Изгледа дека некогаш сум поминал таму. А може да сум живеел таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Коњот застана на задните нозе, фркна и се впушти во бесна брзина која беше најубаво нешто што некогаш сум го видел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Коњот не се помрдна. – Удри по мускулите. – рече братучед ми Мурад. – Што чекаш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во ова уловување што го спомнав слободно сместете го и она што ни се насмевнува од плиткото женско море.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури ни не паметам дека некогаш сум тргнал со намера нешто да уловам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или, што е уште полошо, дека сум била лоша мајка?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сергеј Ракитин, еден со перче побелена коса на челото, беше најгрубиот Козак што некогаш сум го познавал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дали тоа значи дека некогаш сум била измамувана и дека поради тоа треба да сметам дека не сум била најдобра сопруга?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
___ * Реки во јужна Русија ин а Кавказ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
РОЗИТЕ НА ПРСТИТЕ НА АКСЈА
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Брзаше да го истуриш срцето на белиот чаршав пред да те легнат на него пред да те пренесат по калдрмата и да те качат на високиот чардак таму негде во штипско Горно маало на улицата за која никогаш не беше слушнал Бидејќи никогаш и не слезе на земјата Бидејќи засекогаш остана седнат на коњот што бавно ја минува бескрајната степа на Кубан* Тој недооден пат Таа најдолга тажачка што некогаш сум ја слушнал
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледам во стеблово на оревот и се мачам да ги прочитам нејасните букви што некогаш сум ги напишал на неговата дебела кра.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И пак, првпат откако е роден, Дедо Мраз се сети да праша: - Еленчиња, дали некогаш сум бил женет?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Она што ми го рекоа елените – дека некогаш сум се зарекол.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Најубавите бои што некогаш сум ги видела на нешто тоа беа овие стакленца со голема умешност вградени во прекрасни слики.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Беше тоа најпријатно чувство што некогаш сум го доживеала, слично на оргазам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми беше познат, сигурен бев дека некогаш сум го чул, но што значи, никако не можев да се сетам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не паметам дали некогаш сум го слушнала Саше да плаче. А пак така, никогаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Седна на скаличките пред вратата што директно води од дворот во дневната соба и си ја фати главата со раце, мислев и косата од очај ќе почне да си ја кубе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)