Го рече тоа со подбив, со мирен глас, како да станува збор за грутка снег што одамна се има растопено а во нејзината дланка останала само лигавата навлажнетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А кога го поминавме Камениот мост ми го покажа оној див костен, мислам дека тоа беше петото дрво од Офицерски дом, под кое Јана ѝ го превзела некогаш првото либе.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сѐ се случува така како што упатуваат древните книги Патеката е со покривка од најлесен пердув Од истата воздушеста материја од која била скроена Некогаш првата облека на Ева Избегав овде за да го заборавам оној друг свет Со брдо кренато за да се измачува Сизиф Со столб издигнат за да го оковат Прометеј Со оној обезглавен труп од Пеколот на Данте Што ја држи за коса сопствената глава И ја носи покрај себе место фенер.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)