некогаш (прил.) - другпат (прил.)

Сака да рече Вчера стрико Анѓеле, утре или некогаш другпат некој од нас или сите ние можеме да бидеме убиени ако не престанеме да се бунтуваме, но за да не ги исплаши луѓето ја изменува реченицата, задржувајќи ја притоа смислата: Ако не мислиме да бидеме како досега без црква, без општина и без училиште. Не мислиме, вели Лазор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Немаше начин да се вратат, да се соберат пак, ниту сега, ниту, верувам, некогаш другпат. Но не губев сосема надеж.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш му се стори, или некогаш другпат, но секако таму на планина, пред или по средбата со бившиот богослов, дека таа му говори а секој нејзин збор беше како игла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби некогаш другпат, кога мене ќе ми се пристори дека е време, можеби тогаш ќе ѝ раскажам за него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, можеби и никогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оној Мартин е добро момче, само малку е срамежлив. Ќе треба да го охрабриш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Можеби некогаш другпат – ме успокои тој. – Време е да застанеш малку на земја. Летањето нема да ти побегне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Впрочем, ние во Индија сосема поинаку од вас размислуваме за просторот и за времето, но за тоа ќе ти раскажувам некогаш другпат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)