некогаш (прил.) - да (сврз.)

Оставајќи на времето, тоа да го даде одговорот, велеа Ако се врати некогаш да си ја земе Драганка, значи е трговец, но ако не се врати по неа, то ест ако ја остави, зашто не е крвна рода Јанческа, да се омажи за некого од нивните, значи дека бил ајдутин и дека ги оставил коските некаде по планињето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веднаш над неговата глава висеа три обезбоени метални топки кои изгледаа како некогаш да биле пониклувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа сега со исклучително внимание го слушаше Климент Камилски, кој му зборуваше, всушност, за можноста некогаш да се оствареле неговите замисли и илузии: Се најдов пред вечната Сорбона, во таа стара и нова европска вавилонска тврдина, центарот на нашите балкански младешки илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знам дека навистина постојат тие скали и, ако сосема не ги потисне бурјан, ќе одам некогаш да ги видам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе имаат ли доблест некои од нашите творци за некое од изнедрените дела, некогаш да кажат дека не било начинето согласно законот, всушност, дека го создале прикривајќи се?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ана Дамевска Во твоја интерпретација .... сѐ е некако полесно.... треба некогаш да ми ги раскажеш моите проблеми :-)))
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не верувам дека би можел некогаш да доживеам такво нешто: ме зграбија десетина раце во мракот и ме фрлаа од еден во друг агол.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Господи, сине, зар можело некогаш да се случи и тоа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакаш ли некогаш да седнеме во неговата локомотива и да нѐ прошета каде ќе сакаме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)