неколку (прил.) - момент (имн.)

За неколку моменти, она што во мозокот на поетот би била само природна појава - претстава, во вашиот ќе стане реалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако во неколку моменти престраши да се подзагледа, сепак ништо не виде зашто веднаш почнуваше да му се врти во главата и пред очите му стануваше матно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но по неколлку моменти таа се врати (и тој гест како да беше една од нејзините мајстории) и наѕирна откај вратата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби тоа ме охрабри да продолжам да објаснувам дека поединецот, па и во случаевите кога е преставник на високите органи за заштита на државата, има моменти кога едноставно не сака а можеби и не е во ситуација себеси да се смета само за механички дел од целината која мора да настапува само тимски за да ги оствари заедничките интереси.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Молчев неколку моменти. Молчеше и мојот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не сум сигурен што дивеч бркате - реков додека се поткревав на лактовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неколку моменти останав во креветот мртов ладен, се правев и зачуден, а потоа се обидов да си поиграм недоветен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам како „пасторални“ тој очекуваше да бидат, но кога ги виде огромните кравји глави - потполно розе на потполно жолта позадина - кои имав намера да ги претворам во тапети, замолче... но затоа после неколку моменти извика: „Тие се супер- пасторални! Тие се без врска!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А јас, слепец, само неколку моменти пред говорот на корбачот ѝ го ветив сиот свет? За тоа Вртанов веројатно нема слушнато!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но веднаш побрзав да се коригирам: „Не сфатив точно како се случи тоа и зошто, но пред неколку моменти навистина помислив дека брат ми ме бара“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)