неколку (прил.) - пат (имн.)

Вистина е дека веројатно никогаш повторно нема да го почувствуваш истото, зашто тоа било тогаш и тие услови никогаш нема да бидат истите.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако запрашан неколку пати, Херман никогаш нема да каже дали некоја таблета е „добра“ - едноставно затоа што ефектот варира од човек до човек и од едно до друго време.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имено, кај нас постојат недозволиви случаи на секоегодишно, па дури и полугодишно или квартално, менување на носечките закони кои треба да се „столбови“ на оваа мошне сензитивна егзистенцијална област, и тоа по неколку пати; а, од друга страна, не тече паралелен процес на редигирање и изготвување на официјални пречистени законски текстови на законите кои се рогирани [изменети и/или дополнети] и по повеќе од десетина- петнаесет пати!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неколку пата штракна рѓосаниот клуч на клучарот, скрцна старата тешка железна врата и се отвори...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога посетителите влегоа, човекот стана, ги погледна, ги рашири рацете и радосно извика: - Брате Гоце!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Куче?! Да, и јас неколку пати сум помислувала на тоа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Малу ме збуножи ова, но проверував неколку пати и на повеќе тезги, и не се излагав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш арамбашата Чанак го погали неколку пати по бушавата коса и му рече јасно и гласно: — Ајде, Толе, расти побргу, да пораснеш и да дојдеш со мене арамија, да го проплескаме заедно Адема ваш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе видиме ќе земиш или не! — и го затвори токму на Благовец во една од визбите на кулата, го протепа неколку пати и им нареди на Трајка и Кулета да се спремаат одма по Велигден за свадба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аргир ја крена мистријата и удри со неа неколку пати во железото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неколку пати шмркна, свртен кон ветерот, испитувајќи го воздухот, барајќи некаква посебна миризба во неговото студенило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само малку ја подотвори вратата и неколку пати извика: - Караман, кути, кути, нааа!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гого ги протри очите неколку пати, да не е само да му се привидело, од пусти желби и немирни сништа, но таму сетики стоеше неговото име, името на татко му и семејното презиме, што си го носеа по името на селото сѐ по удолницата од сртовите, по суводолицата на скрките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што му згрешив јас нему? Зошто, еве, те прашувам златен Господе!“ рече прекрстувајќи се неколку пати.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ели тешко дишеше. Одвреме-навреме ќе ги отвореше очите како да бара помош од Вера. На неколку пати викаше: тато, тато...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Долго не сакав да седнам на масата каде што се ручаше, по повод оваа веселба, иако во кујната неколку пати ме искара тетка Рајна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Неколку пати дури и одела по десетина дена да седи кај своите родители и пак се враќала кај него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ели, секако, не разбираше ништо од сето ова, а јас погледнав неколку пати кон гробот каде што, како што рече татко ми, се наоѓаше нашата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Доктор Гете испиша со показалецот едно „не“ во воздухот, а потоа со глас го повтори тоа „не“ неколку пати, и продолжи: „До неодамна таа беше сама во соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но Русија неколку пати официјално си ги изми рацете пред крвопроливањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но не е ли јасно оти ако Турција ослабне економски – ние ќе ослабнеме неколку пати повеќе?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како таква, таа е опустошувачка за неколку пати повеќе од обичната војна!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Денот е проѕирен, како неколку пати поминат со средство за чистење стакло.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како неколку пати поминат со средство за чистење стакло.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Имал работа со такви ѕвериња повеќе пати во својот живот, честопати знаел да ги лови, а неколку пати му успевало и да ги улови, но сепак не можеше да каже со сигурност дека кој било од оние уловените оставал зад себе толку длабока трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа не можеше да го оттурне ни со раката, со која одмавнуваше неколку пати, ежавејќи се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа обични, заморни снежни партали, поигруваа долго пред неговиот прозорец, сѐ додека една од нив не сврте неколку пати нагоре-надолу, а потем се шмугна низ скршеното окно и му падна на дланката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека неколку пати и го погоди, но ниеднаш не очекуваше дека би можел да го совлада.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој беше повисок од таа здиплена наполно старичка, онака сува и вдовички свитката у две губи, таа појде кај Башмајсторот, нешто зборуваше таму, Башмајсторот само климна неколку пати со главата, загледан во орото, а Змејко тогаш можеше да го чуе оној глас на старичката, тој глас од тажаленките во летните приквечерини, кога рече таа: „Чувај ми го, мајке, добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На месечината понекогаш ќе светнеше стаклесто црно само по некој поглед, како поглед од истечено око, ќе проблеснеше само по некој отскриен заб, но сега сето се престори во некакво чудно сновење околу неговата пилана, едно такво забрзано одминување, при кое секој од нив, со една чудна фанатичност во таа проклета осамена недоверчивост во оние сиви, изребрени тела, како да мораше да мине на секое место, така што неколку пати се случуваше да се судрат по два, а притоа само остро ќе прикрцкаа нивните очници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Им рече само уште неколку пати: Да ве носи врагот...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така и се реши на состанокот на Партиската ќелија, нели, - се сврте кон бригадирот и овој неколку пати климна со главата, потврдувајќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сеќаваш, неколку пати ви зборував за неа. Еднаш дури бев и нејзин гостин во Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се слушаа често. Неколку пати заедно учествуваа на неколку планинарски експедиции.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако ѝ ја предаде слушалката на Рада, во дворот само промрморе - Сигурно е некое „швалериште“ кое бесрамно упорно ја бара веќе неколку пати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Благуна и Десимир потоа неколку пати се сретнаа долу, зад копите во ограѓето, а тоа не остана незабележително од жителите на Потковицата и врз Благуна падна тешка клевета - дека таа, оној пат, ги предала и дека сѐ уште ги предава луѓето од Организацијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ако сите знаеја дека една чупа, на нејзина возраст, ниту знаела ниту можела да знае кој сѐ работи за Организацијата но освен мајка ѝ Василица никој не ја зеде во одбрана, никој и не смееше да ја земе во одбрана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ама, се разбира книгава пред тоа, барем неколку пати сум ја прочитал. Туку не, вака е подобро.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тоа што Александар, неколку пати ја имаше видено Билјана со црни наочари во тмурни есенски денови, зборуваше во прилог на тоа дека не се работи само за злобни фантазии на врснички на Билјана кои не успеале толку добро да се вдомат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бојана го прибра во нејзиниот кревет (- гревче едно, зарем мислеше дека со цел памет ќе те оставам да спиеш на подот?), што малку го подсмири, дури и сонот неколку пати сакаше да го прими во неговото царство... ако Бојана за беља не почна да грчи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Започнаа со некоја балада, Александар ја имаше чуено неколку пати на радио и немаше некое посебно мислење за текстот, но овој пат, претпоставуваше поради пејачката, песната почна по малку и да му се допаѓа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Обериутите” подоцна настапувале уште неколку пати, но по жестокиот напад врз нив во листот „Смена” групата престанува да постои, па така не ни излегува планираниот алманах „Архимедовата када” („Ванна Архимеда”).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ја лечеше најдобриот лекар во Битола. Тој веќе неколку пати ја имаше прегледувано.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Томаица немаше обичај често да оди во кино. Но неколку пати имаше отидено.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ова важи и тогаш кога, како што често се случува, еден ист настан треба да биде изменет до непрепознавање и по неколку пати во една година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку пати неделно таа со џип доаѓала во неговото ателје и таму останувала до доцна во ноќта.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Курво,“ ѝ рече Азра. Ханка неколку пати офна, а потоа ја снема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Илона неколку пати одеше во туш -кабината и се враќаше завиена во голема розова фротирка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дојде момент за мојата омилена тема - мачката, и штом се реализира сѐ така по ред и малото тробојно топче ми заспа во рацете, кивнувајќи неколку пати и притоа испуштајќи по некое кломбурче млекце низ носето од првиот оброк со локање, јас се вдадов нашироко да распредувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Неколку пати купуваше риба на пазарот, а потоа ни ја подготвуваше на скара на осмиот спрат од Метрополитен кулата, каде имаше голема тераса со поглед на Сиетл.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Од ова се гледа неможноста или, пак, незнаењето на законодавецот да формулира номотехнички издржана законска одредба, која нема да се менува и по неколку пати за време од неколку години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Неколку пати се стокми да го напушти селото, да се отсели, но жената и децата не му идеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Неколку пати се настрани да падне, но двајцата сејмени што ги определи Суљо да пазат, навреме ја задржуваа едниот од едната, другиот од другата страна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги завртија главите по неколку пати, си проговорија нешто тивко по турски и се изгубија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се збираа неколку пати, се советуваа и најпосле решија да му одат на кадијата и да му ги бараат документите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На Петра ѝ се навираат очите, чиниш извор ќе џвркне, ама пред да потечат солзите ги покрива со прегачот и ги забришува, да не видат внучињата, како да е од некоја настинка, кивавица, и сосила кивнува неколку пати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Доста слуша натажена, дури се поразлигави малку. Се исекна неколку пати во шамивчето, што му направи голем впечаток на дедот Петка, ги забриша солзите и откако си ја кладе раката пред устата, потпрена на лактот и колената, отвори да зборува не полошо од дедовците: — Море, дејди вујко, дејди родителу.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крсте силно викна неколку пати: Еј овчарко, еј овчарко, брани пците!“, ама никој не се одзва.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неколку пати се обидов да го убедам да го смениме локалот, чисто за промена, ама бадијала: Лос Анџелес е огромен град на осамени луѓе, а во француската кафетерија Карло сите го познаваат - па зошто тогаш тој би се откажувал од таа удобна позиција на маалска икона?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Многу недели подоцна, кога почна сослушувањето, обвинетиот М. Ѓурев пред двајцата иследници неколку пати истакна дека тој интервенирал кај другарот секретар Јаким Ниновски во понеделникот, на 17 јуни, што значи дента пред да го затворат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неколку пати нагласи како ѝ е многу драго дека сум бил во редакцијата: фала му на Господа, тука си, те фатив!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Понекогаш, кога во самотијата ќе ми наиде желбата да го повикам, оној другион, кој постојано ме следи, дувнувам неколку пати во шупелката. Но сосема тихо. Само тој да сушне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ракавите ги сечевме или ги подвиткувавме неколку пати. На помалите им се влечеа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бошко знаеше дека луѓето навистина немаат и неколку пати го помоли Лумана за почекување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луман пак, неколку пати прости и повеќе пати рече дека ќе почека, но кога виде дека Бошко зачестува со такви молби, еден ден го пресече: - Не чекам јас . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
ТЕОДОС: (Одговарајќи преку волја.) Ја знам, сум ја видел.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: На здравје! (Ја исплакнува чашата неколку пати и пак налева.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се фаќаше во орото на свадбата и играше, скокаше до распаѓање; кошулата неколку пати му се натопуваше со пот и му се сушеше; го сучеше орото, а луѓето притрчуваа со плоската пијалок, му ја пикаа в уста и му ја гасеа жедта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му заблагодаруваа со свечен лет, кружејќи неколку пати околу зградата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но вечерта кога со Филип чекоревме по нерамниот селски пат неколку пати се препнав ненаучена да одам на штикли.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој по мачниот живот што го мина, неколку пати соочувајќи се со смртта и со пеколни маки, во последен миг спасен пред да биде целосно жив закопан, им порачуваше да ги сакаат родната земја и јазикот до страдање, да не им се срди срцето против Албанија дури и кога ќе страдаат невини, татковината останува татковина, дури кога убива.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Кажи каков филм, а? - ме потпраша мајка ми неколку пати за тие два часа колку што траеше филмот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа самата, макар колку да ги сакаше, зеде само едно циронче и долго го мушкаше повторувајќи неколку пати: - Баба нема заби цирони да јаде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Неколку пати нѐ пушти на починка, но ни забрани да излеземе од манастирската авлија надвор.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Жената неколку пати, како кобилата опашката кога се брани од муви, ја подаде раката назад, но девојчето не престана да ѝ додева.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Одвреме-навреме од улица ќе чуеја луѓе да зборуваат или некој со налани по калдрма ќе затропаше, а неколку пати и коли поминаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Неколку пати се сретнаа на главната улица навечер,а еднаш Едо и се јави по телефон од јавна говорница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа, додека девојката точеше пиво, со едната рака држејќи ја криглата, со другата рачката од чепот, со дојките предизвикувачки напнати, на неколку пати го крена погледот и загледувајќи му се право в очи на Еда, со искричав блесок што зрачеше од нејзините крупни сиви очи, милно му се насмевна...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Преку пантолони ми го фати како кога докторката ќе ја фати пумпата од апаратот за мерење притисок, ме стегна неколку пати како да сум некоја молзница и мене толку ми требаше – почувствував како малаксувам од изџвркување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа на неколку пати фрли кус, секавичен поглед кон него како да го опоменува да не го прави тоа сега додека таа е со своите колешки, но авторот намерно не обрна внимание на опомената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со дланката удри неколку пати по него како да се поттупкува самиот себеси по плеќите и се завали во удобната навлака од столицата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најде голем и цврст стап на патеката, го крена, го изгледа и удри неколку пати по тревата лево и десно од патчето да види дали ќе се скрши, не, не се скрши, ама тревата ја сечеше како срп сѐ до коренот и така, удирајќи лево и десно по патчето, загледувајќи се по крошните на дрвјата од каде летнуваа куп птици преплашени од мавтањето на стапот, туку одеднаш се најде на една ширинка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неколку пати ја завртува својата глава на кај Деспина ама никако да излезе глас од нејзината уста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пела неколку пати се завртува, сака да му мавне, ама рачињата ѝ се стиснати во дланките на мајка ѝ на баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неколку пати стануваше да ја призне момичката од што не можеше да заспие, а таа ни помрдната, ни отскриена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Иван Гарванов неколку пати му пишувал на Гоце Делчев дека Орце Попјорданов, Коста Кирков и Илија Трчков агитирале во Солун, Кукуш и Велес против Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој не купил нови алишта, но затоа неколку пати се напил „англиска сол“ за да го растрои стомакот и на таков начин да ја промени бојата на лицето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Билјана молчеше. Неколку пати ги крена очите, ползејќи со погледот по тополите угоре, до нивните врвови што се забиваа во небото...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)