Папазова, која сега е невработена и која досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови, и покрај добиениот судски спор – поради недовербата кон нашиот судски систем, вели дека доколку во иднина, евентуално ѝ биде повредено одредено работничко право – двапати ќе размисли дали пак би се впуштила во ваква „авантура“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Мотото на Вујовиќ – која досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови и други облици на протест – е дека работникот мора да се бори за своите права, бидејќи таквите работници – колку тоа да звучи парадоксално – и самиот работодавач повеќе ги цени. 1. Интервјуто го водеше Ива Михајловска, на 29.I.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Примерот на Папазова е за одбележување затоа што укажува на тоа дека поранешните работници, кои поради разни нанесени неправди си одат од кај работодавачите – сè уште имаат можност, по судски пат, да си ги остварат правата кои им следувале, иако повеќе не се водат како вработени во тоа друштво!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)