неколкупати (прил.) - ги (зам.)

За првпат ги среќавам Кид Таломајд и Св.Витус во Поп-Видео Аркада (Попс Видео Arcade) во подземјето на Минеаполис. Ми земаат неколку долари за жетони и играат две-три игри од „Симпсонови“, неколкупати ги притискаат копчињата и на резултантната табла ги добиваат броевите еден и пет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Неколкупати ги помирисав листовите, божем ќе ја осетам аромата на времето, еден цел век на Маказар, исполнет со присуството на добродетелството на Никола Поцо, со неговите карвани коњи и камили, стадата овци, балите волна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Доктор Коста неколкупати ги креваше рацете и одвај, одвај успеа да ги смири прерадосните луѓе околу себе и да дојде до збор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неколкупати ги оближа со јазикот исушените усни и, не кревајќи го погледот, почна: „Мојата мајка, Мојата мајка многу работи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во обредниот тек првосвештеникот неколкупати ги исповеда гревовите: најнапред за себе и за своето семејство со рацете положени на главата на едногодишен јунец кој подоцна ќе биде заколен како жртва кон Бога, потоа ги исповеда гревовите свои и на своите свештеници сторени кон светилиштето, Храмот над сите храмови, за што рацете ги положува на главата од јарец кој подоцна исто така го колат како крвна жртва кон Бога и на крајот ги исповеда гревовите на сиот народ со рацете на главата на уште еден јарец, кој натоварен со нив и наменет на злодухот Азазел, се пушта во пустината.  Потем пред очите му игра борбата на свештеникот Мататија и неговите синови, а посебно еден меѓу нив, Јуда Макаби и неговата победа над носителите на грчката духовна окупација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)