неколкупати (прил.) - и (сврз.)

Затрепте неколкупати и ги затвори клепките, па мижејќи одговори со немо нишање на главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги протепа Адем неколкупати и им даде тродупли работи на чифлигот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
До вечерта, до првата мрачка што се разлази по долината, Бојан успеа само да се убеди во цврстината на трупецот, успеа само да се испоти неколкупати и добро, добро да огладне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Застанавме пред дрвена порта, таа чукна неколкупати и ни отвори висока слаба жена.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кимнав со главата неколкупати и реков „добро, добро“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа го слушнав другиот чичко како го прашува тој што разговараше со мене:
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа го кладе тратот во лулето, тутунот се запали, повлече неколкупати и продолжи: - Некојпат, расправаат старите луѓе, имало некој македонски цар.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Копнаа неколкупати и се покажаа штиците.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)