Седнував во аголот од малечката просторија, и гледав како неговиот поглед се движи по страниците од книгите, како неговите усни се придвижуваат дури немо ги изговараат прочитаните зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И небото и таа земја, врзани со линијата на ридот зад урнатиот манастир, немо ги слушаа сите наши болки зашто беа свикнати на човечки мачења какви што беа нашите - само небото во тие мигови можеше да знае кој и како умира на земјата, тоа небо на светци со мртво лице на еден мртов Јаков Иконописец и таа земја во чии мочуришта живеат острозаби чудовишта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Над нас мракот беше испресечен со зелени пукнатини, под нас земјата се грчеше од гнев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)