Убаво ѝ објасни началникот што ѝ е најумно во вакви услови: „...ја испративме во ’Градска’, си кажа дека непознато лице ја нападнало во темница и таму убаво си ја средија жената“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Зашлапка со влечките до вратата, ѕирна низ шпионката - не само обезличено туку и непознато лице.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Само пет минути пред тоа непознато лице го извести директорот, некој си Французин Берже и тој остана жив, но премногу уплашен и растроен.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но до него беше еден војник со наперен шмајзер и трето, непознато лице.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ненадејно слугата влезе и му јави на Гарванов дека го бара едно непознато лице.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)