Тој како да сакаше едно од децата, едно мало ѓаволче како стрела излета од стројот и како давено од некого очајнички крикна: - Татко Лентен! - проклет да бидам, со сета сила му се висна околу вратот, - татко Лентен, мрмореше, знаев оти ќе се вратиш, непрестајно мрмореше, знаев, ти си мојот татко!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)