неуморен (прил.) - ги (зам.)

Веќе поучен од претходните искуства - например, од успешната Хазарска мисија, Константин темелно се подготвува и за оваа, ја создава првата словенска азбука според постоечката грчка, преведува неопходни богослужбени книги и заминува во Моравија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Престојот во Моравија долг околу три и пол години за Константин и за брат му Методиј се претвора во победа над мислењето за тројазичноста на Богослужбата, со воведување на словенски јазик во Црквата и со постојани спорови со месниот клер, кој неуморно ги попречува браќата во нивната дејност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но затоа неуморно ги голташе книгите за стариот театар. – Можеби мојата обземеност со древноста е илузија – ми велеше – но постои нешто што кај тие изумрени народи силно ме привлекува.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Фанатички веруваше пашата и неуморно ги тераше слугите, да купуваат уште поскапи свили, бисери и сешто најубаво што имаше на пазарите од Охрид до Солун...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)