Рацете знаеја што да сторат. Се најдоа во тој миг со оној огромен нерез, со она грамадно ѕвере, какво што Змејко немаше видено ниеднаш во својот живот до тој ден, така заедно, што тој ниеднаш не знаеше да каже сосема сигурно кој од нив се покрена прв; дали прво тој ја повлече ногата од пушката, или пак самјакот отскокна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Плачеше од тоа, што тој уште ниеднаш во својот живот досега не бил толку многу блиску со ниеден човек, како што беше сега со овие четворица, што го имаа понесено, а во еден миг и со сите други.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа не беа зборови, зашто ти уште ниеднаш во својот живот не си имал нешто, што би можел погневно да го запрашаш некого.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)