Потоа, ниско наведнати, се оддалечуваа неколку метри наназад и таму зад карпите, во трапот и долот - се празнеа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Опојните, кристални звуци што, преку ширум отворените прозорци на колипката, се протегаа кон ниско наведнатите гранки на костените, преплетувајќи се со отсјајот на носталгичното септемвриско сонце.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Жени облечени во црно, старички снеможени и ниско наведнати, старци потпрени на своите патерици, вдовици со доенчиња, со едногодишни и двегодишни дечиња, парталави и расплакани.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А гледај ги... си сркаат од манџата со ниско наведнати погледи, тие довчерашни домаќинки што знаеја за три села, гозби да зготват и секому в очи да погледнат со гордост.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)