Во еден период, Татко силно се задлабочи во прашањата кои му се наложуваа од постоењето на границите, посебно од тие што ги мина и што требаше да ги мине, при пишувањето на својата никогаш завршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Засекогаш длабоко во мене остана отворена вратата која ми ја остави во егзилот засекогаш мојата турска баба, вратата на нејзините големи, никогаш завршени илузии на заминувањето кон светот, бегството од Балканот, по патот на спасот на семејството.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Додека Татко слушаше како Камилски зборуваше за језуитите, се префрли во мислите на своите постојани потраги по јаничарството како значаен прилог во својата никогаш завршена книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)