ноќе (прил.) - или (сврз.)

Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога наутро доаѓавме во Фектори наоѓавме празни чаши од јогурт и остатоци од храна, но никогаш не дознавме дали самиот излегувал ноќе или некој од неговите пријатели му доставувал храна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Добиваше, колку што можеше да оцени, три оброци на дваесет и четири часа; понекогаш нејасно се прашуваше дали ги добива ноќе или дење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)