Татко ми обично ги избегнуваше козарските манифестации.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Муљазимот беше наредил вечерта селаните по еден од куќа, да се соберат утре, да им држи некакви поуки и совети околу редот и безбедноста во селото, по кое обично ги тераше да прават и оро, та да се насладуваат на убавите мариовски моми и невести.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кметот и азите беа се распоредиле и за ручек, беа нарачале да се донесат дветри овци, брави; да се осучат мазници и неколку кокошки за муљазимот, чаушот и онбашиите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ајдутите обично ги напаѓале феудалните имоти на Османлиите: спахиските куќи, амбарите, рудниците и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Мајка обично ги носеше светите книги, Библијата, Коранот и Талмудот, Татко,двете големи енциклопедии, едната, шестомната, на Сами Фрашри, нејголемиот енциклопедист на Балканот и четирите тома од француската енциклопедија на Пјер Бејл.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Задржувајќи си ја љубовта кон гласовната музика на подоцнежиот период на романтизмот, па дури и на онаа од дваесеттиот век, тој смело сними низа песни и арии напишани исклучиво за женски глас, кои обично ги исполнуваа само сопрани.109
Се разбира, Даниелс не е првиот геј-маж што уживал во пеење, макар и насамо, велики дела од женскиот гласовен репертоар, како што ќе ви потврди секоја оперољубива кралица (а денес во геј-светот никој освен, можеби, оперољубива кралица нема да сака да ви признае нешто толку незгодно).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Парите Јана обично ги добиваше по три месеци. Не ѝ се брзаше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За тие половина час возење обично ги правеше своите планови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тие пари обично ги ставаше на одделна сметка во банката.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Своите идеи и планови обично ги чуваше за себе, сѐ до нивното реализирање, а тогаш велеше дека делата се тие што треба да се видат, а не сликањето и јавното појавување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нив обично ги чувавме по шпајзи, и ги носевме в продавница кога купувавме сокче.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Сепак, кога Дишан зборува за ова дело, тој обично ги опишува коцките како коцки шеќер, одвлекувајќи го разговорот од студенилото и смртта.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во науката, на пример, најчесто категорично се говори за турцизми, дури и кога се знае дека во нив најголемиот број се од арапско и персиско потекло, но бидејќи тие јазици обично ги нарекуваме ориентални, логично е да се работи за ориентализми, а не за турцизми!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Брошурите и прирачниците кои се однесуваат на работничките права во Македонија обично ги прикажуваат 10 моменталните права кои ги уживаат работниците во дадена област.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Западната цивилизација обично ги оспорува (не ги прифаќа) тие методи, но ВР нема да ја одбие, затоа што е “gadget” (нешто со што можеш да се поставиш, да си го обесиш на градите).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Престанаа да си одат, да си идат на гости, престанаа да се женат и мажат со „Грци" и „Бугари" и од вчерашни браќа, братучеди, стриковци, вујковци, кумови и светијовани, станаа смртни непријатели и каде се сретнуваа по пазариштата Прилеп, Битола, Лерин, — секаде ги остреа забите едни на други и се чекаа да се исколат со острите ками, што обично ги криеја во самарите од маските или магарињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наидоа на мошне убав прием и ја избегнаа судбината која обично ги следи книгите од помалку познатите книжевници.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На судот животните ги претставувал адвокат кој обично ги бранел нивните дела со тврдења дека тие, како божји суштества, имаат исти права да живеат во одредена средина или да јадат некои билки.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Оние другите, коишто обично ги сметаме за „помалку значајни” како Корбијер (Corbière) или Шарл Кро (Charles Cros) - или коишто храбро ги игнорираме како А.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Еднаш ќе треба да го праша Френк, својата општа база на податоци, зошто американските гости обично ги носат клучевите од своите хотелски соби со себе кога излегуваат, додека европските гости своите ги оставаат на рецепција (што е навика засилена од тешките привезоци).
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но во спомнатиов случај открила дека една втасала дури до нејзиното колено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Подоцна објасни дека всушност и не се плашела од тие гадинки. Обично ги бркала и газела.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Девојката, што ја имам милувано како најпосакувана вистина и по оние места кои обично ги сметаме за незаситни, наеднаш излегува од под меката сладострастна покривка на интимниот чин и со корбач в рака го казнува човекот кој и ја приредил неповторливата екстаза!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со ова се надевам да претставам поизбалансирана слика на Деридината постмодернистичка мисла, и да покажам дека тој е многу потрадиционален, и позападен, отколку што за него обично се мисли.3 okno.mk | Margina #11-12 [1994] 69 2 Една од карактеристиките споделувани од страна на Дерида и постарите философии е интуитивното, иако понекогаш имплицитно, користење на категориите на појава (appearance) и реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
“Кога тие расправаат колку неговото дело е поврзано со претходните философи” тие главно ја истакнуваат неговата критика на Западната традиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во нивните објаснувања на неговата теорија тие обично ги истакнуваат аспектите во кои тој се разликува од традиционалната философија, како што се неговото пркосење на идеалите на извесноста и интерсубјективноста; неговото откажување од метанаративите; неговиот стремеж да ги разложува дистинкциите; отфрлањето на фундационализмот (втемелителството); и неговата разиграност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тогаш обично ги затворав очите, се преправав дека спијам и мижев сѐ додека навистина не заспијам или додека не исчезне силуетата на лошиот човек дојден по мене.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Во гудачкиот квартет под наслов Нагаока, Ичијанаги од изведувачите бара со гудалото да повлекуваат таму каде обично ги држат прстите, и обратно.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Латиноамериканските писатели како што се Гарсија Маркес, Карлос Фуентас, Ернесто Сабато, Варгас Qоса и други, го признаа својот долг кон Борхес по повод прашањето на јазикот, каков што шпанската литература немала пред него.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А Патриша Меривејл, која го споредуваше Борхесовото дело со она на Набоков, завршува со следната дистинкција: “Додека Набоков обично ги пушта своите актери ‘да испарат’ и нѐ враќа во стварниот свет, Борхес ја доведува својата приказна докрај и постојано нѐ потсетува дека обајцата, и писателот и читателот, се ‘творба од која се направени соништата’.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Заклучокот е неизбежен: Борхес е волшебник на зборови и мајстор на итрини. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 217
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таков е и ставот на Апдајк: „Колку и иронично и богохулно да изгледа Борхесовата скриена порака“, вели тој, „составот и методата на неговите остварувања, иако никако не можат да се доловат со имитирање, одговараат на длабоката потреба во современата проза - потребата да се признае итрината.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Само понекогаш, во некои ретки случаи, мајка ми „му ги замрсува сметките“, со тоа што ќе му даде скришум некој ишарет, како што тој вели, што обично ги изменува неговите одлуки во моја корист.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Патролите се движеле низ градот една по друга на мали растојанија, се внимавало на џамиите од каде што обично ги почнувале своите злосторства муслиманските фанатици и друго.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)