Обично не го знаеше моето движење во текот на денот. Особено кога одев кај Палестинците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сопругата ми рече оти ме барале од амбасадата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Очите ѝ забележуваа сѐ, и сега таа ги слушаше вообичаените звуци, за кои обично не беше свесна - ѕвечкањето на ножовите и виљушките кога ги допираа чиниите, мласкањето на усните што џвакаа и клокотењето на виното додека го сипуваа во чашите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Мораш да чекаш да заспијат луѓето, да почнат да грчат, да се уталожат, па дури тогаш обично не заспиваат лесно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мора да е блиску. Обично не грешам. Наеднаш се отвора вратата.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Дејствувањата (операциите) врз нашето искуство (за кои што веќе дискутиравме) обично не можат самите себе да се доживеат.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Трансформацијата на љубовната афера со Летка авторот веќе ја имаше преболено или ја преболуваше, но за чудо, што обично не се случува, тие останаа добри пријатели на кои разговорите им беа забавни, средбите многу поретки но не прекинати и секогаш проткаени со хумор.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
2.
Кликни навреме
Дрворедот стана необичен:
така се раѓа светот, помислив
така се ствара третата стварност
на сенките, на сенките
на сенките...
Биди река, набљудувај
зумирај, дебни!
Тука е она кое обично не е тука.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)